Ракометарите се дружеа со верните фанови (фото)

Македонските ракометни репрезентативци издвоија дел од своето слободно време за дружба со своите фанови во продавницата на „Д Спорт“ во рамките од „Телеком арена“.

Селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров и репрезентативците Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски, се потпишуваа на ракометните сувенири кои можат да се купат во оваа продавница на спонзорот на Ракометната Федерација на Македонија, кој воедно е и застапник за опремата Хумел во нашата држава.

Во одлично расположение, ракометарите и селекторот се дружеа околу еден час со верните фанови, од кои голем дел утре ќе се најдат и на трибините од „ВИП Арена“ за да ги бодрат Лазаров и соиграчите на дуелот со Чешка, во битката за пласман на ЕП 2018.

dsport1 dsport3

taleski so navivacki

Се вчитува...