Ракометарите стигнаа во Загреб, утре тргнува и „фалангата“

Ракометната репрезентација на Македонија рано утринава полета за Загреб и веќе се наоѓа во хрватскиот главен град, каде од сабота ќе почне со настап на ЕП 2018. Расположението е на највисоко можно ниво, здравствениот билтен без посериозни проблеми, па „црвено-жолтите“ со право се надеваат на добар резултат на овој шампионат.

Предвидено е денеска и утре Раул Гонзалес да одржи по два тренинзи во Загреб, како последна подготовка за премиерниот дуел со Словенија закажан за сабота.

Поголем дел од армијата македонски навивачи својот пат кон Загреб ќе го почне во текот на утрешниот ден (најдоцна утре вечер). „Фалангата“ ќе биде бројна во Хрватска, се најавува присуство на преку 2.000 фанови, се со цел да се стигне до нов успех на Македонија на големите натпреварувања.

Се вчитува...