Ракометарките почнаа со тренинзи пред бaражот за СП

Ракометната репрезентација на Македонија утрово ги почна подготовките за претстојниот бараж двомеч за пласман на СП 2017 против селекцијата на Шведска. Селекторот Симе Симовски одржа краток состанок со присутните ракометарки, по што и официјално се стартуваше со тренинзи.

Според распоредот, ќе се тренира два пати дневно денеска и утре, односно до заминувањето за Турција во среда, каде Македонија ќе настапи на меѓународен подготвителен турнир. На турнирот во Анталија што ќе трае до недела (4 јуни), покрај со домаќинот Турција, нашата селекција ќе одигра натпревари и против соодветните селекции на Литванија и Русија.

По враќањето во Скопје, нашите репрезентативки ќе ги продолжат тренинзите до првата од двете бараж средби против Шведска за пласман на СП 2017. Првиот натпревар ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје на 10 јуни 2017 со почеток од 20:30 часот. Реваншот во Шведска е предвиден за 13 јуни 2017.

За потсетување, Македонската женска сениорска репрезентација обезбеди место во баражот за СП по успешниот настап на квалификацискиот турнир на Фарски Острови, во конкуренција на домаќинот, Исланд и Австрија.

Се вчитува...