Ракометарките поразени од Русија на турнирот во Анталија

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Русија со 35-29 (21-14)  во првиот од труите контролни натпревари на турнирот во Анталија, Турција.

Русинките уште од стартот имаа контрола на играта и на резултатот, поведоа со 8-2, а на крајот од првиот дел имаа предност од 21-14.

Во ист ритам продолжи и вториот дел. Сигурната предност му остави простор на рускиот селектор да им даде шанса на терен на сите ракометарки во составот. И макеоднските ракометарки ја искористија својата шанса, заиграа посигурно и поефикасно во однос на првиот дел и успеаја да ја преполоват негативата намалувајќи на 34-29 на една минута пред крај, но Русинките во финишот успеаја да постигнат гол и славеа со конечните 35-29. За македонската репрезентација на овој меч настапи и Мирјета Бајрамовска која по неколкугодишна пауза се врати во националниот состав.

Во вториот натпревар попладнево играат Литванија и Турција. Утре (18 ч.) македонската репрезентација ќе игра против Литванија, а во сабота (16 ч.) е завршниот дуел против домаќинот Турција.

Настапот на турнирот во Анталија е во склоп на подготовките на македонската репрезентација пред баражот за СП 2017 против Шведска, што ќе се одигра на 10 јуни во Скопје и на 13 јуни во Истад.

Се вчитува...