Владата го откажа мечот Србија – Косово!

Натпреварот меѓу женските јуниорски селекции на Србија и Косово, што требаше да се игра денеска во Ковилово, е откажан со одлуката на Владата на Србија. Мечот во изминатите денови предизвика бурни реакции, откако беше донесена одлука да се игра без обележја на двете земји, по што беше преселен од Крагуевац во Ковилово.

Сепак, откако неколку навивачки групи најавија дека ќе допатуваат во Ковилово за да ги бодрат српските ракометарки, во страв од инцидент беше донесена одлука мечот да не се игра.

„Дали можевме да организираме мечот да се игра? Секако, но која би била цената? Конфликти меѓу нашиот народ и полицијата поради работи во кои не веруваме, спротивни на нашите интереси. Не сме подготвени полицијата да тепа наши луѓе за мечот да се игра“ – изјави Министерот за Внатрешни Работи на Србија, Небојша Стефановиќ.

Останува да се види реакцијата на ЕХФ, со оглед на фактот дека станува збор за откажување на натпревар од страна на политички лица, без објективна спортска причина за такво нешто.

Се вчитува...