Ракометното СП 2019 во Германија и Данска во нов формат - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
29/05/2017 11:47
Кошарка
28/05/2017 20:29
Фудбал
28/05/2017 18:29
Ракомет
28/05/2017 14:54

Ракометното СП 2019 во Германија и Данска во нов формат

Ракометното СП 2019 во Германија и Данска во нов формат

Следното 26.Светско првенство за ракометари во 2019 година на кое домаќини ќе бидат Германија и Данска, ќе се игра по новиот формат што го усвои Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

На ракометниот мундијал како и досега ќе настапуваат 24 репрезентација, но во првата групна фаза наместо досегашните шест групи со по четири репрезентации, сега натпреварите ќе се играат во четири групи со по шест репрезентации. Првите три селекции од секоја група обезбедуваат пласман во следната, главна фаза, во која се формираат нови две групи со по шест репрезентации. Од оваа фаза првите две селекции од групите ќе играат полуфинале, а другите според редоследот на табелата, ќе разигуваат за пласман од 5 до 12 место. Репрезентациите кои нема да обезбедат место во главната фаза, како и досега, ќе играат во „Президент купот“ за пласман од 12 до 24 место.

Со овој нов систем, досегашните елиминации во осминафиналето и во четвртфиналети заминуваат во историјата. Од Германската ракометна федерација (ДХБ) како еден од домаќините на СП 2019, го поздравија новиот формат на натпреварување што го воведува ИХФ и истакнуваат дека тоа ќе донесе поголем квалитет на ракометниот мундијал.

ДХБ го поздравува новиот систем на натпреварување, со кој ќе дојде до израз тактичката и физичката подготвеност на репрезентациите. Според информациите за новиот формат на натпреварување, ќе бидат селектирани салите домаќини“ – истакнува генералниот секретар на ДХБ, Марк Шобер.

Според распоредот на шампионатот, Германија ќе биде домаќин на две групи од првата фаза и една група од главната фаза, а таму ќе се играат и двете полуфиналиња и натпреварите од „Президент купот“.

Во Данска ќе бидат две групи од првата фаза, една група од главната фаза, натпреварите за пласман од 5-8 место, како и натпреварот за 3.место и финалето.

Во Германија има регистрирани 13 сали со капацитет од најмалку 9.000 гледачи, а летово ќе биде направена финалната селекција на градовите домаќини. Во конкутренција за домаќини на СП 2019 се Берлин, Минхен, Келн, Манхајм, Хамбург и Кил. Во Данска, натпреварите ќе се играат во Копенхаген и во Хернинг.

Директен пласман на СП 2019 имаат актуелниот светски шампион Франција и домаќините на шампионатот, Германија и Данска. Останатите 21 место, ќе бидат пополнети по одигрувањето на континенталните квалификации.

На „предолимпиското“ СП 2019 во Германија и во Данска, учесниците ќе се борат за директен пласман на ОИ 2020 во Токио, односно, за место во олимписките квалификации за Токио.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.