Раководството на Монако инсистира: Нема да го продадеме Мбапе

Монако се одлучни да го задржат супер талентираниот Килијан Мбапе, особено по прикажаното од вчерашниот дуел со Манчестер сити. Сѐ повеќе клубови се вклучуваат во трката за потписот на младиот французин, но „кнезовите“ ќе направат сѐ што можат за да го задржат нивниот скапоцен камен.

 „Намерите се да го задржиме што е моќно подолго. Мбапе е производ на нашата академија, тој е наша ДНА и горд сум што имаме играч како него. Имаме одличен тим со многу млади играчи кои се жедни за фудбал, сите го даваат својот максимум, а одраз на нашата игра оваа сезона се резултите и во Европскиот куп и во лигата.“ – изјави подпретеседателот на Монако, Вадим Василијев.

Ентони Марсијал пред две сезони стана најскапиот тинејџер во фубдалот откако се пресели во Манчестер Јунајтед, но од таборот инсистираат Мбапе да не го сруши рекордот, барем не ова лето.

Голот кој го постигна на вчерашниот натпревар против Сити е негов единаесетти на последните 11 настапи, што значи дека е во одлична форма и не би било изненадување да добие повик од Дешамп во сениорската репрезентација на Франција.

Реал, Челси и Арсенал се најзаинтересирани за 18-годишното крило, но зад нив шанса чекаат и Барселона, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул.

Се вчитува...