Рамадан – нов тренер на Шкупи

Зекиријa Рамадан е изборот на управата на Шкупи за нов шеф на стручниот штаб на прволигашот од Чаир, откако попладнево му беше врачен отказ на досегашниот тренер Ардијан Нухиу.

Слабите игри во продолжението од сезонава му пресудија на Нухиу, а челниците на Шкупи не сакаат да експериментираат, па решија на клупата да го вратат Рамадан, кој голем дел од играчката кариера ја мина во овој клуб, каде воедно беше и тренерот во периодот од 2014 до 2016 година.

Новиот стратег потпиша договор на една и пол година и ќе почне со водење на тренинзи од четврток, а својот камбек на клупата на Шкупи ќе го има на неделниот дуел со Скопје, што ќе се игра на стадионот во Тетово.

Се вчитува...