Рамос даде два гола, Шпанија сепак не победи (видео)

Русија одигра уште еден силен контролен натпревар во пресрет на СП 2018, ремизирајќи на домашен терен против силната Шпанија, во одличен меч што заврши со дури шест постигнати погодоци (3-3).

Кога „фуријата“ за триесетина минути игра преку Алба и Рамос поведе со 0-2 се чинеше дека прашањето на победникот е решено, но домаќините покажаа карактер и се вратија и со головите на Смолов и на Миранчук (41. и 51. минута) стигнаа до израмнување.

Рамос постигна и втор погодок, овојпат од пенал, но и тоа беше недоволно за Шпанците да триумфираат откако „зборнаја“ повторно го израмни резултатот, овојпат преку Смолов за конечни 3-3.

Се вчитува...