Рамос го молел Озил да не потпише за Барселона

Гласините дека Месут Озил ќе го засили составот на Барселона во јануарскиот преоден рок го натераа капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос да реагира. Наводно, Рамос преку телефонски повик го молел Озил да не потпише за Барса, известува шпанскиот медиум „Дон балон“.

Пријателството меѓу овие двајца фудбалери е веќе стара тема, Озил и Рамос беа многу блиски додека репрезентативецот на Германија го носеше „кралскиот“ дрес, па Рамос се надева дека неговиот другар ќе го послуша, иако ваква шанса Озил тешко би ја пропуштил.

Договорот на плејмејкерот на Арсенал истекува на лето, па „топчиите“ гледаат да заработат на неговата продажба со цел да не замина како слободен играч, бидејќи шансисте да ја продолжи соработката се многу мали. Озил во 2013 година пристигна во Арсенал за сума од 42 милиони фунти.

Се вчитува...