Рамос: Реал го прави тоа што никој друг не може!

Реал Мадрид ја одбрани круната во Лигата на шампионите како прв клуб на кој тоа му успеало во историјата. А овој тим на Зинедин Зидан, со мали промени, освои три шампионски круни во Европа во последните четири години. Капитенот Серхио Рамос е горд на своите соиграчи.

„Имавме рандеву со историјата. И беше тоа прекрасен состанок. На волшебен начин ја завршивме оваа фантастична сезона за нас. Не велам дека е чудо, затоа што Реал Мадрид е способен да го направи тоа што не може ниту еден друг клуб во светот. Чест ми е што сум дел од овој тим, што сум капитен на Реал Мадрид, и поздрав одовде од Кардиф, до некои други момци“, изјави Серхио Рамос откако го подигна, вторпат последователно, најскапоцениот пехар во клупскиот фудбал.

Се вчитува...