Рамос: Забораваме на 3-0, и одиме на нова победа на „Висенте Калдерон“

Реал Мадрид обезбеди голем предност од 3-0 на првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико Мадрид, но посакува уште еден триумф и утревечер на „Висенте Калдерон“. Капитенот Серхио Рамос најавува дека „кралевите“ нема да го бранат водството од „Сантијаго Бернабеу“, туку ќе атакуваат на нова победа.

„Мораме да го заборавиме првиот меч и предноста од 3-0. Одиме на „Висенте Калдерон“ да одиграме уште еден квалитетен натпревар и повторно да победиме. Ова е премногу важен натпревар за да мислиме дека веќе сме се пласирале во финалето. Има уште 90 минути за игра и ние сме максимално мотивирани да славиме уште една победа. Имаме максимален респект за Атлетико Мадрид, тие сигурно ќе сакаат да се реваншираат за претходниот пораз“, изјави Серхио Рамос на прес – конферецијата во пресрет на утрешниот меч.

Се вчитува...