Рамос задоволен: Мисијата „Македонија“ – исполнета

Шпанија повторно славеше во Скопје со само еден гол разлика, но Серхио Рамос и неговите соиграчи задоволни ја напуштаат нашата земја, свесни дека стигнаа до цел плен против селекција што игра се подобро на секој следен натпревар во овој квалификациски циклус.

Задоволен сум бидејќи „Мисијата Македонија“ е исполнета. Целта ни беше да освоиме три бода на тежок натпревар, го остваривме тоа, знаевме дека нема да ни биде лесно, домаќините притиснаа во второто полувреме, но добро се справивме. Среќни сме што остануваме рамо до рамо со Италија пред клучниот натпревар во квалификациите, сега задоволни заминуваме на одмор“ – изјави Рамос веднаш по натпреварот во Скопје.

Се вчитува...