Раниери станува очаен: Ми требаат војници и гладијатори

Клаудио Раниери лани делуваше како генијалец кој со Лестер успеа да стигне до премиерлигашката титула, но Италијанецот сега делува безидејно, никако не успевајќи да најде излез за големата криза во која се наоѓаат „лисиците“. Дното на премиерлигашката табела е се поблизу, а атмосферата дополнително се влоши по вчерашниот пораз од Милвол во ФА Купот, и тоа во ситуација кога противникот беше со фудбалер помалку на теренот.

Раниери се обиде со „шок-терапија“ оставајќи ги Варди и Марез на клупата за резерви, но ниту тоа не успеа, па се погласни се најавите на оние кои бараат Италијанецот да добие отказ.

Сакам повторно да разговарам со играчите, да им објаснам дека мораат да се борат на екој натпревар. Ми требаат војници, гладијатори… бидејќи Милвол со десет играчи покажа дека има фантастични гладијатори и славеше против нас. Целата ситуација ми е многу ччудна бидејќи лани ние бевме екипата што победуваше бидејќи покажувавме повеќе срце на терен од ривалите. И кога губевме, губевме борејќи се, сакам таа борбеност да ја видам повторно во очите на моите фудбалери“ – изјави Раниери.

Лестер сега го очекува гостувањето во Севилја во рамките од Лигата на шампионите, а потоа во следното премиерлигашко коло го пречекува тимот на Ливерпул.

Се вчитува...