Расел Вестбрук со наградата за МВП играч во НБА-лигата

Расел Вестбрук е избран за најдобар кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА – лигата, добивајќи ја наградата МВП. Тој го доби признанието на свечената манифестација што се одржа во Њујорк, а сезоната ја заврши со трипл – дабл просек (31,6 поени, 10,7 скокови и 10,4 асистенции). Зад кошаркарот на Охлахома се најде Џејмс Харден од Хјустон, а трет беше Кави Леонард од Сан Антонио.

Наградата за тренер на годината му припадна на Мајк Д’Антони од Хјустон рокетс, пред Грег Попович (Сан Антонио) и Ерик Сполстра (Мајами).

Најдобар одбранбен играч е Дрејмонд Грин (Голден Стејт), а најдобар шести играч Ерик Гордон (Хјустон).

Јанис Антетокумпо (Милвоки) е прогласен за коашркар за најдобар напредок во изминатата сезона.

Се вчитува...