Расположен за голови: Мојсов стрелаше и во својот и во противничкиот гол… (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов очигледно беше расположен за голови на денешниот натпревар од 4. коло во кипарскиот шампионат, во кој неговиот АЕК Ларнака загуби убедливо со 5-2 на гостувањето против Омонија.

Мојсов успеа во два наврати да ги тресе мрежите, но еднаш во сопствениот и еднаш во противничкиот гол.

Најпрво, македонскиот дефанзивец си постигна автогол за водство од 3-1 на Омонија…

А, потоа во 88. минута убаво со глава успеа да постигне втор гол за АЕК Ларнака за конечни 5-2…

Се вчитува...