Распоред Евролига: Фенербахче тргнува од Малага

Новата сезона во Евролигата започнува на 12. октомври, четврток. Отворањето започнува со средбата помеѓу Анадолу Ефес и Реал Мадрид, а уште првото коло не’ очекува дерби. Натпреварот Барселона – Панатинаикос се игра во еден ден подоцна.

Шампионот на лигата, а воедно и турскиот првак, екипата на Фенербахче ќе гостува во Малага кај Уникаха, додека вицешампионот ЦСКА Москва ќе ги пречека „манекените“ од Армани Милано.

Црвена Звезда ја очекува тежок дуел со екипата на Жалгирис Каунас. Шампионот на АБА лигата на 13. октомври ќе патува за Литванија за првиот меч против составот на Шарунас Јасикевичиус.

Четврток, 12. октомври:

Анадолу Ефес – Реал Мадрид

Бамберг – Макаби Тел Авив

ЦСКА Москва – Армани Милано

Олимпијакос – Басконија

Уникаха – Фенербахче

Петок, 13. октомври:

Барселона – Панатинаикос

Химки – Валенсија

Жалгирис Каунас – Црвена Звезда

Се вчитува...