Распоред за Супер-лигата: МЗТ на стартот со Фени, Карпош соколи со Работнички

По финиширањето на натпреварите од Првата лига, веќе следниот викенд и официјално стартува Супер-лигата, во која на најдобрите четири тима од досегашниот дел од сезоната им се приклучуваат АБА-лигашите МЗТ Скопје и Карпош соколи. Денеска беше утврден и распоредот на натпревари за Супер-лигата, па така во рамките од првото коло МЗТ Скопје ќе го пречека составот на Фени индустри, Карпош соколи ќе биде домаќин на Работнички, додека Куманово ќе го пречека составот на Кожув.

Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички е закажано за 25 март, во рамките од третото коло во СЦ „Јане Сандански“, додека првата пресметка меѓу Карпош соколи и МЗТ, кои важат за главни фаворити за титулата, ќе може да се проследи на 1 април во СЦ „Борис Трајковски“.

raspored prv liga

Воедно, објавен беше и распоредот на натпреварите во рамките од Плејаут лигата, меѓу тимовите кои ќе се борат за опстанок во елитното друштво. Во првото коло Струмица ќе го пречека составот на Вардар, додека Пелистер ќе биде домаќин на Охрид.

Се вчитува...