Раул Гонзалес го објави репрeзентативниот список за ЕХФ неделата: Кам-бек на Прибак!

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, го објави списокот на ракометари кои ги повика на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

Собирот е закажан за 23. октомври 2017 од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Како што и претходно објавивме, во репрезентација се враќа ракометарот на турски Бешикташ, Немања Прибак.

Гонзалес повика 21 ракометар кои ќе бидат присутни на собирот од ЕХФ неделата.

СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРВИОТ СОБИР НА ЕХФ НЕДЕЛАТА (23.-29.10.2017)

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане ЦветковскиКрила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин ПоповскиБекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања ПрибакПикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко ПешевскиДефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски

Се вчитува...