Раул Гонзалес: Игравме под притисок, ова е многу важна победа

Ракометарите на Вардар славеа тешка победа против ПИК Сегед (34-30) со која се зацврстуваат на лидерската позиција во А групата и се чекор поблиску до четвртфиналето на две кола пред крај на групната фаза во Лигата на шампионите. Со ваквиот расплет, на вардарци и два бода во последните два натпревари ќе им бидат доволни за да го освојат првото место во групата и втора година по ред да обезбедат директен пласман во Топ 8. Тренерот Раул Гонзалес по натпреварот со ПИК Сегед изрази задоволство од играта и посебно од резултатот кој на „црвено-црните“ им носи мирна завршница во оваа фаза од ЛШ.

Секогаш кога играме против ПИК Сегед имаме тежок натпревар бидејќи противникот е одлично подготвен. Знаевме што не очекува во овој дуел. Во првите 15 минути не се чувствувавме добро и ни требаше време за да влеземе во дуелот. Имавме предност од пет гола, но знаевме дека против ривал како ПИК Сегед тоа не е доволно и дека треба да се игра до крај. Игравме под притисок бидејќи овој дуел многу ни решаваше за да го задржиме првото место во групата. Задоволен сум од моите ракометари и можам да им честитам за прикажаната игра. Оваа победа е многу важна за нас и сега можеме да бидеме задоволни бидејќи сме на врвот. Можеби не играме како порано, но можеме да бидеме задоволни од победата“ – изјави Раул Гонзалес.

Се вчитува...