Раул Гонзалес објави кои ракометари ги чека на подготовки за ЕП 2018

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари повикани на првиот собир на репрезентација од подготовките за ЕП Хрватска 2018. Раул Гонзалез повика 21 ракометар на првиот собир што ќе се одржи на 25 декември 2017 со почеток од 16:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.

Македонската репрезентација во скратен состав без интернационалците кои имаат клупски обврски, ќе почне со воведни подготовки на 18 декември во СЦ Јане Сандански. Во воведните подготовки кои ќе траат до официјалниот старт на подготовките, ќе се работи на индивидуален план со помал број на играчи и персонализирани тренинзи за секој од повиканите играчи, изготвени од стручниот штаб на репрезентацијата, а спроведени од асистентите на селекторот, Роберто Парондо, Александар Царчев и Кристијан Кајчевски. На располагање ќе биде и комплетниот физиотерапевтски тим на репрезентацијата, со цел играчите максимално подготвени да го дочекаат првиот собир.

Список на повикани ракометари:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски

Бекови: Аце Јоновски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски

Се вчитува...