Раул Гонзалес: Одбраната ја направи разликата

Вардарци триумфално ја отворија новата сезона во регионалната СЕХА лига. Убедливата победа со девет гола разлика (23-32) против Металург, на вардарци им ги донесе првите бодови во одбраната на титулата. За тренерот Раул Гонзалес клучот за победата е во добрата одбрана на „црвено-црните“

„Беше тежок натпревар без разлика на резулатот, бидејќи е прв меч во оваа сезона во СЕХА лигата. Сметам дека одбраната денеска ги обезбеди бодовите, откако спречивме неколку нивни напади, врзавме неколку гола во низа и тука ја направивме разликата. Добро е што останавме концентрирани до крајот, и ја задржавме разликата“ – истакна тренерот на Вардар по триумфот против Металург.

Следен предизвик за вардарци ќе биде дуелот против Горење на 5 април пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...