Раул Гонзалес: Првиот меч секогаш е тежок, посебно со Металург

Одбраната на шампионската титула во регионалната СЕХА лига, вардарци ја почнуваат денеска (17.45 ч.) со дуелот против Металург во „Борис Трајковски“. По настапот на Супер Глоуб во Катар, на кој го освоија третото место, „црвено-црните“ имаа неколку денови да се подготват за почетокот на новата сезона.

Нема да биде лесно. Новата сезона ќе биде и потешка за нас, бидејќи кога победуваш, потешко е повторно да бидеш победник. Ние сме прваци и сакаме и мораме добро да се подготвиме. Но сезоната е долга и треба полека да се фокусираме на се она што  доаѓа во следниот период. Првиот официјален меч секогап е тежок, особено бидејќи го имаме Металург за ривал. Тие секогаш играле добро против нас и сигурен сум дека повторно ќе биде така“ – вели тренерот на Вардар, Раул Гонзалес за клупскиот сајт.

Се вчитува...