Раул Гонзалес селектор на репрезентацијата на Македонија до септември 2020

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, е избран за нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. УО на РФМ на денешната седница го прифати предлогот од Комисијата за спроведување на разговори со потенцијалните кандидати за нов селектор на сениорите што ќе го наследи Лино Червар на македонската клупа, во состав Филип Милошевски, Милчо Чакарески и Гино Стерзовски, Гонзалес да биде најсоодветно решение за македонската репрезентација во временскиот теснец на еден месец пред завршните квалификации за пласман на ЕП 2018 во Хрватска.

rfm cakar

Раул Гонзалес во изминативе три години добро го води Вардар. И во моментов сметаме дека попогодно решение за селектор на машката ракометна репрезентација на Макеоднија не можевме да најдеме“ – образложи директорот на сениорската репрезентација, Милчо Чакарески, кој е и еден од тројцата членови на Комисијата која го предложи Гонзалес како единствен кандидат за нов селектор.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, истакна дека има голема доверба во кандидатот кој е предлог на Комисијата за избор на селектор и дека планот на федерацијата е да се воспостави соработка на подолг рок.

„Имам голема доверба во предлогот за нов селектор. Ние веќе разговараме со Раул Гонзалес и идејата е, доколку се оди во посакуваната насока, со него да восппоставиме соработка на подолг рок, односно договор до септември 2020 година. Треба да се работи на долги патеки. Наша проценка е дека Раул Гонзалес е најдобриот избор што го имаме, тој е докажан тренер кој работи модерен ракомет и сметаме дека системот што тој го вопспостави со екипата на Вардар може да биде полезен и за македонската репрезентација“ – истакна Мукаетов.

рфм4

Поранешниот репрезентативец, Наумче Мојсовски, сега во улога на член на УО на РФМ, ја поздрави одлуката и изборот на Раул Гонзалес за селектор со забелешка дека новиот селектор мора да биде фокусиран на репрезентацијата на Македонија.

Раул е добар избор за селектор, но на оваа репрезентација и треба фокус. Селекторот треба да биде тука и да биде максимално фокусиран на репрезентацијата. Не знам какви се плановите со Вардар, но од искуство на нашата репрезентација и треба селектор кој ќе биде постојано присутен и максимално посветен на репрезентацијата. Оваа репрезентација нам ни е најголемото богатство, сакаме да опстои и да бележи успеси, не само сега туку и во наредните десет години“ – потенцираше Наумче Мојсовски.

Предлогот на Комисијата беше едногласно прифатен од членовите на УО на РФМ.

Се вчитува...