Раул: Ова е само прво полувреме…

Вардар оствари фантастична победа на гостувањето во Фленсбург и широко си ги отвори вратите на патот кон фајналфор турнирот во Келн. Сепак, Раул Гонзалес ги предупреди своите избраници дека 60-те минути во Германија се само прво полувреме од овој двомеч, кој ќе мора да се добие на реваншот во Скопје.

Фленсбург играше одлично. Во прото полувреме нашата одбрана беше одлична и нашиот голман перфектен. Но, потоа Флензбург играше многу подобро и успеаја да намалат. Мораме да знаеме дека ова е само прво полувреме, и дека Фленсбург игра многу брзо и многу убаво. Ги очекуваме во Скопје“ – истакна Раул Гонзалез на прес-конференцијата по натпреварот.

Само за потсетување, реваншот меѓу Вардар и Фленсбург ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ в четврток со почеток во 19 часот.

Се вчитува...