Раул: Покажавме квалитет кога беше најважно

Раул Гонзалес имаше победничко деби на европските шампионати, и тоа во пресметката против „бронзената“ Словенија од последниот ракометен мундијал. Шпанецот беше задоволен од покажаното, откако неговиот тим покажа карактер по првите 15 минути игра колку што беше потребно за адаптација на одбраната на Словенците.

„Во последните 15 минути игравме лошо, промашивме многу шанси во нападот, ситуации еден на еден со голманот. Во продолжението заигравме многу подобро, се вративме, а во второто полувреме стигнавме и до убедлива предност. Словенија се врати, на моменти ни беше многу тешко, но покажавме квалитет кога беше најважно. Нападот ни беше многу добар, одбраната исто така, морам да бидам задоволен, но и што поскоро да ги насочам своите мисли и мислите на ракометарите кон дуелот со Црна Гора“ – изјави Гонзалес.

Се вчитува...