Раул пресече и отпиша тројца ракометари за Словенија

Македонскиот селектор Раул Гонзалес на 24 часа пред почетокот на ЕП 2018 го објави и конечниот список за премиерниот дуел со Словенија. Македонија допатува во Загреб со 19 ракометари, од кои вечерва отпаднаа тројца, и тоа голманот Даскаловски, специјалистот за одбрана Велко Маркоски и левото крило Гоце Ојлески.

Ова практично значи дека Македонија ќе излезе на мегдан со Словенија со следните 16 ракометари: голманите Ристовски и Митревски и ракометарите Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Миркуловски, Кире Лазаров, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски и Жарко Пешевски.

Според составот, очигледно е дека Немања Прибак ги надмина проблемите со повредата на зглобот и ќе може да помогне, а интересна е одлуката на Гонзалес да настапиме со тројца пивоти, а само едно лево крило.

Се вчитува...