Разигран Ливерпул, Тотенхем повторно „киксна“

Ливерпул оствари убедлива победа на гости против Брајтон, славејќи со 1-5. Тотенхем продолжи со ’црната серија’ и не успеа да победи на четвртиот последователен меч во Премиер – лигата, играјќи 1-1 на гости против Ватфорд.

Емре Чан и Фирмино донесоа водство од 0-2 за „црвените“ по првиот дел, а Бразилецот постигна и трет погодок на почетокот од второто полувреме. Ватфорд намали од пенал со голот на Мареј, но тоа не ја сопре голгетерската серија на Ливерпул. Кутињо зголеми на 1-4, а петтиот гол беше всушност автогол на Данк.

Тотенхем одигра 1-1 на гости против Ватфорд. Кабаселе го доведе домашниот тим во водство, а во 25.минута израмни Сон. Сепак, на почетокот на вториот дел Тотенхем остана со играч помалку поради исклучувањето на Давинсон Санчез, па „спарси“ немаа сили да стигнат до триумф.

Резултати Англија: Брајтон – Ливерпул 1-5, Евертон – Хадерсфилд 2-0, Лестер – Барнли 1-0, Стоук – Свонси 2-1, Ватфорд – Тотенхем 1-1, ВБА – Кристал Палас 0-0.

Се вчитува...