Реал би го пуштил Хамес Родригез во Кина за 100 милиони евра, но тој не сака - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Реал би го пуштил Хамес Родригез во Кина за 100 милиони евра, но тој не сака

Реал би го пуштил Хамес Родригез во Кина за 100 милиони евра, но тој не сака

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез не сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ оваа зима, иако за него Реал Мадрид доби фантастична понуда од Кина. Клубот Хебеи форчун, чиј тренер е поранешниот тренер на „кралскиот клуб“, Мануел Пелегрини, понуди 100 милиони евра отштета за да го купи одличниот офанзивен играч за врска.

Тоа е одлична можност за Реал Мадрид да ги извлече сите вложени пари во Хамес Родригез, па дури и да заработи. Претседателот Флорентино Перез имал преговори со раководството на кинескиот клуб во Дубаи, на манифестацијата „Глоув сокер авордс“, и начелно се сложил со оваа зделка.

Сепак, самиот фудбалер не сака да ја продолжи кариерата во Кина, иако Хебеи му нуди вистинско богатство. Тој би имал годишна нето плата од 30 милиони евра, а би потпишал договор на три сезони.

Хебеи форчун е клуб кој егзистира само шест години, формиран е во 2010 година, но зад него стојат дел од најмоќните кинески компании.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.