Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ во трка за Салах: Кој ќе даде 200 милиони фунти?!

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах игра во неверојатна форма оваа сезона во дресот на Ливерпул. Тој досега постигна 28 гола во Премиер – лигата и го сврте кон себе вниманието на најголемите европски клубови. За Салах интерес појави Реал Мадрид, но во трката ќе се вклучат и Барселона и ПСЖ. Очигледно дека Ливерпул во раце има нова ѕвезда која ќе ја продаде за вртоглава сума, откако тоа го стори со Фелипе Кутињо.

Но, продажбата на Салах би можела да биде и нов рекорд во светот на трансферите. Ќе има наддавање на заинтересираните клубови, тоа е сигурно, а медиумите на Островот тврдат дека Ливерпул нема да се сложи на продажба доколку на „Енфилд роуд“ не пристигне понуда вредна фантастични 200 милиони фунти.

Се вчитува...