Реал Мадрид го сака младиот Кепа за нов чувар на мрежата

Реал Мадрид следното лето ќе тргне по ангажман на млад голман кој ќе претставува долгогодишна замена за Кејлор Навас. Но, „кралевите“ изненадуваат со својот избор, нема да атакуваат на светските имиња како Донарума, Куртоа, па дури и неиполнетата желба Де Хеа, туку ќе се обидат да го ангажираат младиот шпански чувар на мрежата, Кепа Аризабалага од Атлетик Билбао.

Баскискиот голман поседува огромен потенцијал, и што е најважно има доста искуство и покрај тоа што има само 22 години. Пред две сезони бранеше во втората шпанска дивизија, беше дел од тимот на Валјадолид, а меѓу стативите стоеше цела сезона. Лани настапи на 23 натпревари во домашното првенство во дресот на Билбао, каде осум пати ја сочува мрежата.

Како најсветла точка во неговата досегашна кариера е настапот на ЕП во Полска за фудбалери до 21. година, каде со Шпанија го освои сребрениот медал. Како знак дека неговиот напредок е забележан, селекторот на „црвената фурија“ Хулен Лопетеги, го награди Аризабалага со место во сениорскиот национален состав, но младиот голман трпеливо го чека своето деби.

Сега веќе стандарден кај Хосе Анхел Зиганда, Кепа претставува еден од најперспективните голмани, па не изненадува фактот дека токму Реал се интересира за неговите услуги.

Се вчитува...