Реал Мадрид на колена пред Дарушафака

Дарушафака приреди вистинско изненадување славејќи со 80-84 (38-44) на гостувањето против Реал Мадрид во вториот натпревар од четвртфиналето во кошаркарската Евролига.

Дарушафака, откако загуби на првиот дѕел со 83-75 сега успеа да го израмни резултатот во серијата, благодарение на одличната игра на хрватскиот центар Анте Жижиќ кој мечот го заврши со 17 постигнати поени. Само во првото полувреме Жижиќ постигна 10 поени, дополнети и со осум скока.

Реал Мадрид во третиот период од играта имаше предност и од пет поени разлика, беше блиску до триумфот, но на крајот славеа Турците благодарение на огромната борбеност во финишот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Вејнмејкер со 21 поен, додека во составот на Реал Мадрид се издвои Серхио Љуљ со 22 поени и шест асистенции. Следниот трет натпревар меѓу двете екипи се игра во среда (26. април) во Турција.

Се вчитува...