Реал Мадрид не запира, лесно го освои „Риазор“

Реал Мадрид продолжува со импресивните настапи, откако по трофеите во Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија „кралскиот клуб“ ја стартуваше и сезоната во Примера дивизион со рутинска победа. Избраниците на Зидан против себе ја имаа Ла Коруња, но на вообичаено незгодниот терен на „Риазор“ лесно излегоа како победници, триумфирајќи со 0-3.

Домаќините имаат за што да жалат бидејќи во првите десетина минути пропуштија две одлични шанси за гол. Потоа следеше целосна доминација на гостите од Мадрид, кои поведоа преку Герет Бејл (негов прв гол по февруари), за на 0-2 да зголеми Кашемиро на асистенција на Марсело.

Конечните 0-3 во второто полувреме ги постави Тони Крос на додавање на Бејл. Возбудливо беше во самиот финиш, откако Андоне во 89. минута не реализираше пенал за Ла Коруња, а потоа Серхио Рамос непотребно грубо стартуваше (удар со лакот во воздушен дуел) во судиското продолжение и заслужено заработи втор жолт картон и предвреме се упати кон соблекувалните.

Gareth Bale Goal Deportivo La Coruna 0 – 1 Real… by ZidaneHD

Super Goal Casemiro La Coruna 0 – 2 Real Madrid… by Benjiro–

Toni Kroos Goal – Deportivo La Coruna vs Real… by RussellLerman

Се вчитува...