Реал Мадрид со сите сили по Хари Кејн: Би ги жртвувале и Модриќ, Бејл, Бензема

Актуелниот европски првак Реал Мадрид следното лето ќе тргне со сите сили во ангажман на нов голгетер. Изборот на тренерот Зинедин Зидан и раководството на клубот е англискиот репрезентативец Хари Кејн, кој е член на премиерлигашот Тотенхем. Тој игра во одлична форма во дресот на „спарси“ оваа сезона, и нема да биде воопшто лесно за „кралевите“ да го придобијат неговиот потпис.

Но, Флорентино Перез има и план. Би понудил на Тотенхем една од своите актуелни ѕвезди, и би доплатил за да го купи Хари Кејн и да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Можно е пакетот да биде проширен и со Деле Али, офанзивниот играч за врска, кој исто така е англиски репрезентативец, а Реал Мадрид е подготвен во спротивна насока да ги испрати дури и Лука Модриќ, Герет Бејл, Карим Бензема.

Се вчитува...