Реал Мадрид веќе не го сака Де Хеа за голман, туку Кепа Аризабалага

Реал Мадрид на лето ќе купува нов голман, но тоа нема да биде Давид Де Хеа. Иако „кралскиот клуб“ долг период покажуваше интерес за првиот чувар на мрежата на „црвената фурија“, а членот на Манчестер јунајтед беше на прагот на потпис и задоцни за неколку минути пред крајот на трансферниот прозорец, сепак, сега Де Хеа веќе не е првата опција за нов голман на „Сантијаго Бернабеу“.

Интересот на Зинедин Зидан и раководството на Реал Мадрид е насочено кон Кепа Аризабалага, голманот на Атлетик Билбао, на кого во јуни му истекува договорот со клубот. Тоа го прави лесно достапен за „кралевите“, кои секако би добиле млад и мошне квалитетен голман. Кепа Аризабалага неодамна го имаше и своето деби во сениорскиот национален тим на Шпанија, на пријателскиот меч против Костарика (5-0). Претходно, тој беше член на младата селекција на Шпанија до 21 година, со која настапи на Европското првенство во Полска.

Се вчитува...