Реал остана без центар: По Кузмиќ, се повреди и Ајон

Пабло Ласо се соочува со огромни проблеми откако за неполн месец тренерот на Реал Мадрид остана без двајцата најдобри високи кошаркари во своите редови. По тешката повреда на коленото што ја заработи Кузмиќ, Ласо синоќа остана и без услугите на Густаво Ајон.

Мексиканскиот центар настрада при еден дуел за време на мечот од шпанското првенство против Тенерифе, а првичните информации говорат дека станува збор за сериозен проблем на левото рамо, поради што ќе следи повеќемесечна пауза.

Во една ваква ситуација, за очекување е сега „кралевите“ да притиснат во преговорите со Банвит за ангажман на Словенецот Видмар, кого го „пикираа“ по повредата на Кузмиќ, но во меѓувреме ги стопираа разговорите со турскиот клуб.

Се вчитува...