Реал пак разочара, но оди понатаму во Копа дел реј

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Копа дел реј, но избраниците на Зинедин Зидан повторно ги разочараа своите навивачи играјќи само 2-2 на домашен терен против Нумансија.

„Кралевите“ имаа предност од 0-3 од првиот натпревар што им овозможи релаксирано да влезат во мечот, но навивачите повторно си заминаа разочарани откако нивните миленици одиграа под своите можности, не успевајќи да ја кренат атмосферата по низата слаби резултати во Примера дивизион.

Лукас Васкез два пати го носеше Реал во водство, но гостите успеаја да останат непоразени на „Сантијаго Бернабеу“ благодарение на Гилјермо, кој два пати го матираше Кико Касилја.

Се вчитува...