Реал Сосиедад расположен и за примање и за давање голови

Следниот противник на Вардар во Лигата на Европа, шпанскиот Реал Сосиедад очигледно добро е расположен и за давање и за примање голови. Во 7. коло од шпанската Примера, Сосиедад одигра 4-4 против Бетис на домашен терен.

Во мечот со бројни пресврти и предност и на едните и на другите, Сосиедад сепак на крајот спасуваше барем бод со голот на Љоренте во 87. минута, откако гостите во 84. минута преку Леон дојдоа до предност од 3-4.

Претходно, стрелци за Реал Сосиедад беа и Вилијан Хозе, Ојарзабал и Прието.

По одличниот старт на сезоната, Реал Сосиедад во последните четири кола во Шпанија има три порази и само едно реми, дополнети и со поразот од 3-1 од Зенит во Лигата на Европа.

Се вчитува...