РЕАЛно - далеку е Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

РЕАЛно – далеку е Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

РЕАЛно – далеку е Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И во третиот натпревар од Лигата на Европа, „вардарци“ успеваат единствено да ги разочараат своите навивачи и македонската фудбалска јавност… Убедливиот пораз и од Реал Сосиедад од 0-6 само потврдува дека ваквиот Вардар е далеку од можност за вистинско европско надигрување!

По трите убедливи порази и веќе срамната гол-разлика од 1-14, единствениот заклучок е дека „црвено-црните“ ниту најмалку не може да понудат моменти за задоволство за своите навивачи. Што е најтрагично, можеби и не се толку важни поразите, но начинот на кој фудбалерите се однесуваат на терен, без ниту најмала желба за надигрување, без дрскост, без храброст, без мотив кој, пак, можеше да се забележи низ квалификациите за Лигата на Европа.

Вардаровите фудбалери и Чедомир Јаневски пред мечот најавија борба за први бодови па дури и за триумф над Реал Сосиедад. Ништо од тоа не исполнија!

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.