РЕФЛЕКТОР: Со „ќорави“ странци, фудбалот нема да ни прогледа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/09/2017 17:32
Фудбал
20/09/2017 15:30
Ракомет
20/09/2017 13:46
Кошарка
19/09/2017 18:29

РЕФЛЕКТОР: Со „ќорави“ странци, фудбалот нема да ни прогледа

РЕФЛЕКТОР: Со „ќорави“ странци, фудбалот нема да ни прогледа

Има многу темнина во нашиот спорт. Оттаму и потребата за РЕФЛЕКТОР, малку да ги осветли нештата, да ги открие аномалиите, да ги потенцира светлите страни…Во Европа рефлекторите одамна се светнати, но кај нас се многу ретка појава, речиси и да ги нема, за жал…Затоа и спортот ни е на вакво дереџе…

Секоја идеја е добредојдена, секој коментар треба да ни стави прст на чело, за во спортот конечно да ни светне…

__________________________________________________________________________

Зимски преоден рок. Нашите „гиганти“, Вардар и Шкендија, се во трка по засилувања. Првото дојде, Дамир Којашевиќ…Кој?! Којашевиќ, бе…А, добро, не знаев…А, кој е тој…Доаѓа од Младост Подгорица…Аааа, тој мора ептен добар да е…Ама и во Сараево играл претходно…Кое Сараево, таму Крсте Велкоски кај што дава најмногу голови…Аааа. Ок, топ…

Второто дојде…Драган Ќеран. Кој е бре, па овој, ќерата…?! А бе му дал гол на Вардар на подготовки. Аааа…Во Азербејџан бил, а во Србија во Смедерево играл…Аааа. Ок, овој ептен топ ќе да е…Да не има женска во ЖРК, обично така ги носат. Е, па така е, кога Мијушковиќ играчиште го напраија…

ЦЦЦЦЦЦЦ… (Со големи букви).

Тетово. Неџипи, знам…Вујчиќ од Работнички, знам…Захов, ок…Алем Мерајиќ. Некој од Олимпик Сараево…да не е од Олимпик Марсеј, бе…Не не, од Олимпик Сараево…ама талент бил…

Кратово. Знам дека тамо много волите на ИЌ… Недељковиќ, С. Рудан, М.Рудан, Ж. Рудан, Б. Рудан…Наш имате ли некој бе?

Царев Двор. Две први засилувања…Петар Сушиќ и Благоја Ѓурковиќ…Млади Црногорци, ептен таленти…од Будуќност биле….аааа….и ќе ги пуштат во Царев Двор, а?! Ама и на Фиго и на Роналдо двајца братучеди од машка тетка ќе дојдат…

ДОСТА СЕИР. СЕГА СЕРИОЗНО.

Фудбалот ни дојде на дното на Европа, и време е РЕФЛЕКТОР-от да светне. Го нема на ниеден стадион, освен на „Филип Втори“, тоа е јасно. Барем во Прва лига. Третолигаши се фалат демек имале по некој.

Македонскиот фудбал, а со тоа и македонската репрезентација, можат да напредуваат само доколку се направи една подолгорочна стратегија. И во неа клубовите треба да се истрајни. Не за ставање во џеб (алаш вериш) на неколку илјади евра од носење на „ќорави“ странци, туку за многу поголема шанса за младите македонски фудбалери. И тие знаат, и тие можат. Ако не верувавте, ете, покажа Работнички. Со македонски фудбалери, млади, талентирани, иако не многу почитувани кај нас, и со многу мал број странци, го елиминира Трабзонспор.

Ќе речете овој сега Работнички го фали, знам. Еве ви друг пример. Илија Несторовски. Момчето не играше кај нас во ниту еден прволигаш асално. Се акаше ваму, таму, на проба отиде во Интер Запрешиќ, и… Ќе игра во Палермо од јуни. А таму веќе е Александар Трајковски. И тој преку хрватски канали пркна и отиде во Белгија, а оттаму во Италија. Што не ги купивте додека беа овде, во Македонија. Да ги израсневте, па ќе ги продадевте, ќе заработевте. Значи, има наши, млади, талентирани фудбалери, само не добиваат шанса. А богами, и многу помалку пари добиваат од овие ’ЌОРАВИТЕ СТРАНЦИ’. Затоа веднаш бегаат надвор.

Мора да се пофали ФК Вардар за одличниот камп за тренинзи што го направи. Тоа е инвестиција, секоја чест. Иако се уште не сум ја видел одблиску, во живо. Има таму некои лица со кисели насмевки и без грам фудбалско знаење, што нејќам да ги гледам. Кога ќе ги сменат, секако ќе одам. Но, кампот е за фудбалерите, за идните генерации. Секако, ако се води на име на ФК Вардар…

Vardar radost

Еден од оние кои ги почитувам, и дефинитивно не е ќорав, а е тренер на Вардар, а некогаш веројатно ќе стигне и до селекторската позиција е Гоце Седлоски. Млад стратег е, некој ќе каже и недокажан се уште, ама некаде мора и да се докаже…

Гоце, како Мијушковиќ игра пред Дарко Велковски, навистина морам да те прашам. Каде ти е Дарко Глишиќ? Каде е Јасир Асани во нападот? Заслужуваат ли повеќе Петар Петковски, или Бобан Николов? Утре, задутре, кога можеби ќе бидеш селектор, тие ќе ги бараш…Од тие селекција треба да правиш…Еве. на пример, Давид Бабунски е слободен играч сега, купете го него. Ако Црвена Звезда е заинтересирана, не гледам зошто Вардар не би бил. А и не би можел, нели работи на европска агенда…

А вие (не велам ти, затоа што знам дека други купуваат, ама и ти беше спортски директор) ги носите Којашевиќ, Ќеран, пред тоа Ромеро, па Мијушковиќ, па овие женскарошите Павловиќ, Кобетиќ, па дури и Ерменциве Хамбарџумјан, Дашјан…Од таму мејл ни пратија, за по 1.000 долари играле, овде ѕвезди ги напраивте…И тој Новак го земавте…И после немате публика на стадион, вели Пачовски. Е, па, за кого да навиваат?! За овие ’ЌОРАВИВЕ’?! Па, дури ни со Ибричиќ не ’упали’ работата. Не е до популизам, знаење сака. Еден живот, една љубов…ама и по некој млад македонски фудбалер сака. Овие старите наши, со имиња и со по 10.000 евра плата, и од нив многу ќар нема. Играле и во репрезентација, и ништо не направиле…Само пари за на нивно конто…И толку! А во Вардар, што е право, се такви се изнаредија…да не ги бројам, ќе се лутат после, ќе речат лебот им го кршам.

И не е се до титулата! Вардар освојувал и претходно…А верувам дека ќе биде во шампионска трка и со македонските играчи…А ќе има и навивачи, многу повеќе, ќе навиваат за нашите.

Radeski Skendija

Тука Шкендија во моментот е пред Вардар. Со Хасани и со Ибраими ја врати публиката, односно привлече многу повеќе свои фанови. Инаку, и тие имаат многу грешки. Дојде Акраповиќ за тренер. Кој?! Акраповиќ, му бил пријател на Фали Рамадани. Аааа…Секоја чест за Рамадани како менаџер, ама нема да е Шкендија подобар клуб ако му даде дрес од клубот на претседателот на Барса. Таму купуваат екстра – ѕвезди, ама и се потпираат на сопствената школа. Добар пример е Тотре, кого никако не смееме да го испуштиме да игра за Албанија, и купувањето на Радески, па и Захов, Неџипи, но не и Карлињо Реч…И Жуниор, и тие таквите од плажа собрани…Колку и да се квалитет демек, за нашава лига. Ама не се за Европа!

За мене, најдобриот трансфер оваа зима, досега, го направи Работнички. Го купи Бојан Најденов од Хоризонт Турново. Тој е репрезентативен материјал, кој сега ќе добие шанса да се докаже во клуб со европски амбиции. се надевам дека и ќе ја оправда шансата, за да го имаме како ново освежување во репрезентацијата, и тоа во средниот ред, каде што сме – најтенки.

Нашите „гиганти“ МОРА ДА ДАДАТ НАСОКА – ПРАВИЛНА, по која ќе се движи македонскиот фудбал. Нашите клубови мора да имаат приоритет во МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ, да се засилат само со по некој екстра квалитетен странец, и да им ги подобрат условите (не само терени, туку и плати, здравје, исхрана) на МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ. Само така, МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ МОЖЕ ДА ОДИ НАПРЕД!

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.