Ремек-дело на „летечкиот“ Сигурдсон (видео)

Гудјон Валур Сигурдсон го постигна еден од најубавите голови на овој европски шампионат, со ремек-дело пред крајот на натпреварот со Србија.

Тој не реализираше пенал со обид за лоб, топката се одби пред голманот, но Сигурдсон изненади со скок во далечина од околу четири метри, сместувајќи ја топката во мрежата. Сепак, тоа не беше доволно за да се стигне до позитивен резултат, па Сигурдсон и соиграчите и покрај стартниот триумф над Шведска не успеаја да се пласираат во следната рунда од ова европско првенство.

Се вчитува...