Ремек-дело на Несторовски за печат на триумфот на Палермо

Илија Несторовски покажа дека се враќа во посакуваната голгетерска форма откако постигна прекрасен погодок на дуелот против Асколи, што неговиот Палермо го доби со убедливи 4-1.

Сицилијанците имаа предност од 3-1 до 83. минута, кога Несторовски фантастично изведе слободен удар од дваесетина метри, стрелајќи прецизно во самиот агол за печат на убедливата победа на својот тим.

За Палермо ова беше прва победа по пауза од четири натпревари (три порази и едно реми), со што сицилијанците се искачија на третото место на табелата, со четири бода заостанување зад лидерот Емполи.

Се вчитува...