Реми на Македонија и Португалија за крај на турнирот „Скопје 2016“ (2-2) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
24/09/2017 18:22
Фудбал
24/09/2017 17:34
Фудбал
24/09/2017 15:20
Фудбал
24/09/2017 15:23

Реми на Македонија и Португалија за крај на турнирот „Скопје 2016“ (2-2)

Реми на Македонија и Португалија за крај на турнирот „Скопје 2016“ (2-2)

Македонската репрезентација во футсал го затвори турнирот „Скопје 2016“ на идентичен начин како што го започнаа. По ремито со селекцијата на Босна и Херцеговина, македонската репрезентација одигра нерешен натпревар против силната селекција на Португалија. Избраниците на Иван Божовиќ имаа водство во поголемиот дел од натпреварот, но силниот противник успеа да намали, а потоа и да изедначи на нешто помалку од четири минути до крајот на натпреварот.

IMG_4705

Португалците не ја држеа топката во нивни посед повеќе од пет секунди. Леовски ги блокираше сите обиди на Пинто да ги проигра своите соиграчи Глигоров ја имаше првата сериозна шанса за да го отвори резултатот, но не успеа во таа замисла. Агуши минута подоцна промаши зицер со Бебе пред голот на Португалија, идентично како и Крстевски по левата страна во наредната прилика. Првата шанса за да реализира за Португалија ја имаше Жоао Матош дури во шестата минута. До крајот нна првиот дел двете селекции создаваа панси, а Петровиќ ја прифати додадената топка од Агуши за водство на Македонија во 15. минута од 1-0, резултат со кој репрезентациите се разделија на полувремето.

IMG_4566

Воведните пет минути од вториот дел започнаа со бавна игра на двете страни. Гостинската селекција продолжи да создава шанси, но без ефект. Левески по левата страна го измами Кардинал, но Глигоров стрелаше над голот. Напаѓачот се ’искупи’ за промашената шанса откако реализира минута подоцна за водство од 2-0. Во 31. минута, Леовски мина лесно по десната страна, но стативата на голот на Бебе го спречи да го зголеми водството. Тијаго Брито и Мигел Анџело беа сериозни во намерата барем да го намалат водството. Тоа му успеа на Коелјо на пет минути до крајот на натпреварот откако селекторот на Португалија одлучи на терен да игра со пет играчи во поле. Само 15 секунди подоцна Кардинал и Педро го измамија Петровски на голот за изедначување од 2-2. До крајот на натпреварот Португалците ја раширија играта, се заканија неколкупати кон голот на Петровски, но голманот успеа да ги одбрани сите удари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.