Реми за Охрид во европското деби против Волендам

Ракометарите на Охрид одиграа нерешено, 24-24 (13-15) против холандскиот Волендам, во првиот натпревар од првата квалифиациска рунда во ЕХФ Купот. Реваншот се игра утре исто така во салата „Билјанини извори“ во Охрид, а поусшениот од овој дуел во следнаат рунда ќе игра против Порто.

Охриѓани во својот деби настап во европските купови одиграа ослабени без повредениот Марко Кобетиќ, но успаја да останат непоразени, најмногу по заслуга на голманот Благојче Трајковски. Гостите од Холандија уште од стартот ја презедоа иницијативата и беа во водство, казнувајќи ги бројните технички грешки на домаќинот. На полувремето Волендам замина со предност од 13-15.

Доминацијата на гостинскиот тим продлжи и во второто полувреме. Волендам предводен од Де Јонг ја казнуваше секоја грешка на охриѓани и ја чуваше позитивата. Но во последната четвртина Трајковски сопре неколку напади на противникот, а Младеновски донесе изедначување на 22-22. Со погодокот на Кезиќ, Охрид дојде и до минимално водство и беше на праг на комплетен пресврт. Холанѓаните не го искористија последниот напад за победа и на крај конечниот резултат бепе 24-24, а патникот во следната ренда ќе се решава во утрешниот втор дуел.

Се вчитува...