Ренова два меча без публика, една година суспензија за Кенан Идризи

Ренова доби казна од два натпревари на домашен терен без публика поради инцидентите што се случиле на мечот против Силекс. „Гипсарите“ се најдоа на дисциплинска по пријавата од судијата Константин Влахо, кој во записникот навел дека е нападнат од претседателот на клубот, Кенан Идризи. За таквата негова постапка, Кенан Идризи доби една година суспензија надвор од фудбалот.

Ренова веќе одигра еден натпревар без публика, против Пелистер во Тетово, а вториот ќе биде против тимот на Шкупи.

Се вчитува...