Ренова го совлада Шкупи на контролата во Маврово

Екипата на Ренова забележа победа од 1-0 на контролниот натпревар против Шкупи што се одигра на теренот во спортскиот центар во Маврово.

Шкупи беше тимот што имаше повеќе од играта на оваа средба, скопскиот клуб создаде и неколку одлични шанси, но не успеа да го совлада голманот Кобетиќ, кој се прикажа во одлично светло. Францускиот напаѓач Емануел Мбела промаши неколку шанси за Шкупи, непрецизни беа и Асани и Адем, но мрежата на „гипсарите“ остана незатресена.

Клучен момент на натпреварот беше 43. минута, кога Гафури одлично изведе слободен удар, најде дупка во живиот ѕид на Шкупи и го постигна голот на Ренова што се покажа доволен за победа на овој пријателски натпревар.

 

Се вчитува...