Ренова и Силекс го отвораат 20. коло во Првата лига

Ренова и Силекс со меѓусебната пресметка денеска од 14 часот во Тетово го отвораат 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

За кратовци ова ќе биде прва пролетна пресметка по одложениот натпревар против Скопје од претходното 19. коло. Ренова, пак, ремизираше без голови на гостувањето против Работнички…

„Нов тежок дуел на две главно израмнети екипи. Секако бодовите за нас се важни и атакуваме на триумф, иако добро е познато дека Силекс игра цврст, колективен фудбал“ – вели стратегот на Ренова, Влатко Костов.

Силекс во пролетната сезона е воден од желбата да се избори европски излез. Токму затоа интенцијата е без пораз да се заврши денешното гостување во Тетово.

Одложениот натпревар со Скопје, пак, тимот на Жикица Тасевски ќе го игра на 7. март во Кратово.

Се вчитува...