Репрезентативката Николиќ оперирана, се враќа на терените за два месеци

Македонската ракометна репрезентативка Марија Николиќ ќе отсуствува од терените во следниот период по проблемите со коленото поради кои врз пивотот на нашиот национален тим мораше да биде извршен и хируршки зафат.

Ракометарката на Металург во последниот период се мачеше со болка во коленото, а откако беше утврдено дека станува збор за циста во пределот на менискусот врз неа беше извршена операција што минала во најдобар ред.

Според првичните информации, времето на пауза ќе изнесува два месеци, што значи дека Николиќ ќе може да се врати на терените навреме за да биде „фит“ за двомечот од баражот за пласман на СП против селекцијата на Шведска, дуели закажани за месец јуни.

Се вчитува...