Репрезентацијата се враќа во Скопје: На 11. ноември против Норвешка

Македонската А репрезентација на 11. ноември ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, и официјално информираат од ФФМ.

Против репрезентацијата на Норвешка досега сениорите имаат одиграно три меѓусебни дуели. Во квалификациите за СП 2010 година одигравме натпревар без голови во Скопје, додека на гостувањето во Осло загубивме со 2-1.

Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло бевме поразени со 2-0. Норвешка е рангирана на 58. место на листата на ФИФА.

Се вчитува...