Реприза од Келн во Доха – Вардар против Барселона

Вардар го продолжува походот по единствениот трофеј што му недостига на македонскиот клуб, оној за клупски светски првак на Суперглоуб натпреварувањето во Катар. По вчерашната рутинска победа над Гашаран од 30-22, актуелниот европски првак денеска ќе има пред себе сериозен предизвик – пресметка со големата Барселона.

Ривалот е со огромно реноме, но „црвено-црните“ се оптимисти дека ќе успеат да го земат неговиот скалп, исто како што тоа беше случај во полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн пред нешто помалку од три месеци.

„Вардарци“ во однос на тој дуел ќе го немаат Алекс Душебајев, а рокада на позицијата десен бек има и кај Барселона, каде Доленец настапува на местото на Кире Лазаров.

Дуелот меѓу Вардар и Барселона почнува во 16 часот, a во второто полуфинале во 18 часот домашниот тим Ал Сад ќе се сретне со бундеслигашот Фуксе Берлин.

Се вчитува...